Дана Вајт: Наскоро може да организираме втора пресметка меѓу Андерсон Силва и Витор Белфорт

Silva -belfort

Андерсон Силва најдолго царуваше како шампион на УФЦ – речиси шест години, пред Крис Вјадман да му ја земе титулата. За време на своето владеење „Д’Спајдер“ демонстрираше уникатни вештини и голем дел од мечевите му завршуваа со нокаут. Но можеби највпечатливиот нокаут што ќе се памети долго време е оној над Витор Белфорт.

Белфорт одамна изрази желба да му се реваншира за овој пораз. Можеби конечно ќе ја добие таа шанса. Барем, според неодамнешните зборови на претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

Во едно неодамнешно интервју за емисијата „The Joe Rogan Experience“ Вајт изјави дека двете бразилски легенди може повторно да застанат еден против друг.

Роган кратко одговори: „Овој меч треба да се случи“.

Тогаш Вајт додаде: „Знам … никој не го оспорува ова прашање. Работиме напорно на тоа, за да ги изарадуваме навивачите“.

Двајцата борци – Белфорт и Силва – се сретнаа во далечната 2011 година, тогаш средбата се очекуваше да биде исклучително долга, но Силва забележа брза победа со атрактивен нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON