Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, призна дека во оваа фаза нема да го лиши Конор Мек Грегор од една од двете шампионски титули.
На УФЦ 205 Мек Грегор го нокаутира Еди Алварез и ја освои титулата во лесна категорија на УФЦ, и ја придодаде на онаа од перо категорија. Претходно упорно се зборуваше дека Конор ќе треба да се раздели со еден од двата појаси, ако ги поседува.
Дана Вајт откри дека во оваа фаза ќе го остави Мек Грегор да се порадува на успехот, а потоа двајцата ќе разговараат за ситуацијата.
„Никогаш не сум имал работа со никого друг како со тоа дете. Обично тој излегува од октагонот и вели „сега сакам да се борам со овој тип“. Никој не го прави тоа. Никој друг не излегол од октагонот, велејќи ми дека сака да се посвети и повторно да се бори. Тој го прави. И кој знае? Ќе го оставам да се насладува на вечерта, а потоа ќе зборуваме за работа“.