Алекс Переира ја продолжи победничка серија во најголемата светска ММА организација. На настанот УФЦ 303 во Лас Вегас фантастичниот Бразилец го победи чешкиот борец Јиржи Прохаска со прекин во 12 секунда од втората рунда и по вторпат го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија.
Поатан дебитираше во УФЦ во ноември 2021 година кога го победи Андреас Михаилидис со прекин во втората рунда, има вкупно осум победи и еден пораз, во април минатата година загуби од Израел Адесања.
Бразилскиот борец за две и пол години освои две шампионски титули, во средна и полутешка категорија, а сака да се испроба и во тешка категорија.
„Сакам еден ден да се префрлам во тешка категорија, тоа е неизбежно“, изјави Алекс Переира по триумфот над Јиржи Прохаска во нивниот реванш.
Шефот на УФЦ Дана Вајт се осврна на евентуалната преселба на Переира во тешка категорија.
„Џо Роган постојано ме мачи и ми вели да му дозволам на Алекс да се бори во тешка категорија: „Ајде, само направи го тоа“! Знам дека многу луѓе сакаат да го видат тоа“, изјави Дана Вајт и додаде дека Переира не може да го расипе планот за договарање меч меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс:
„Не. Дефинитивно остануваме на мечот меѓу Миочиќ и Џонс. Знаете што мислам за Џон Џонс и неговата позиција на ранг-листата П4П, како и во рангирањето на најдобрите борци на сите времиња. А Стипе е најголемиот тешкаш на сите времиња и ја заслужува таа борба“.