Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт призна дека не сака да се врати во боксот, нарекувајќи го „пропадната работа“.
Со години се шпекулира дека Вајт би можел да го води „Зуфа бокс“, но изгледа се помалку и помалку заинтересиран.
Пред пет години се вклучи во промовирање на боксерски меч меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер, но изгледа дека тој дефинитивно ја завршил работата.
Ова може да се заклучи и од честите неодамнешни изјави во кои се критикува можната боксерска борба меѓу шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану и шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
„Секогаш кога размислувам што би можел да направам во врска со боксот се прашувам: А зошто би го направил тоа? Зошто воопшто би сакал да се нурнам во тој кошмар?“, рече Дејна Вајт и продолжи:
„Затоа не направив ништо. Тоа е неуспешен бизнис. И би било ноќна мора кога би сакал да поравам нешто“.
Многу обожаватели на ММА се согласуваат со тезите на Вајт, но има и такви кои сметаат дека боксот сè уште има свој шарм како некогаш.
Настапите на Канело и Тајсон Фјури го привлекуваат интересот на љубителите на боксот, но и на некои други ѕвезди.
А Вајт ќе продолжи да го критикува боксот затоа што неговите најголеми ѕвезди сакаат да се испробаат во рингот.
Нгану не сака да потпише нов договор со УФЦ доколку не му дозволат да боксира, а Камару Усман со месеци го прозива Канело Алварез.
Единствениот кој на Вајт му дозволи да влезе во рингот беше Конор Мек Грегор.