Дана Вајт: Мечот Ронда-Киборг ќе има над 2 милони гледачи со преплата!

Rusej Kiborg

Ако Ронда Русеј и  Кристине „Киборг“ Џастино се сретнат во УФЦ, сигурно ќе соборат некои рекорди во организацијата. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека неговите очекувања се над 2 милиони гледачи со преплата. 

„Не знам кој ќе победи, но битката ќе биде возбудлива. Не е спорно дека Џастино е ѕвер, човече. Таа е здрава, но многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, веруваат дека Ронда е најдобра во светот. Затоа е интересна оваа средба. И ќе ви кажам, кога овој дуел ќе се одржи, ви гарантирам дека ќе има над 2 милиони платени гледања. Ќе биде нешто масовно“.

 Ронда Русеј ќе ја брани титулата против Бет Кореа на УФЦ 190. Ако победи во овој меча, прашање е дали следната и претендентка ќе и биде токму „Киборг“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON