По саботниот УФЦ 292 во Бостон најголемата светска ММА организација има нов шампион во бантам категорија.
Шон О’Мели со фантастичен финиш и прекин во втората рунда го совлада Алџамејн Стерлинг и со тоа стигна до тронот.
Тоа беа 17 победи во кариерата за Шугар Шон!
Претседателот на УФЦ Дана Вајт беше импресиониран од настапот на О’Мели, кој посебно го истакна тоа по големиот настан во ТД Гарден.
„На сите мора да им е јасно дека никој нема привилегии со мене, вклучувајќи го и Шон О’Мели. Не можете да бидете најдобри ако самите не работите за тоа. Сега влезе во октагонот и покажа што вреди“, изјави Дана Вајт и додаде:
„Овој настап го собори рекордот на салата. Брус Спрингстин свиреше овде и заработи пет милиони долари, ние заработивме седум. Што ви кажува тоа за О’Мели? Тоа беше и најголемото ППГ пренос во историјата за титулата во бантам категорија. Ја видовте публиката. Шон О’Мели веќе е ѕвезда“.