Дана Вајт има мерак да му даде шампионска борба на Мек Грегор

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не ја исклучува можноста да го доведе Конор Мек Грегор директно во шампионска борба при неговото враќање во октагонот.

Мек Грегор се опоравува од скршеницата на ногата на УФЦ 264 во неговата трета борба со Дастин Пориер оваа година.

Поранешниот шампион во две категории ги следи роковите – да направи спаринг со полна сила во април и веднаш потоа да влезе во следната борба.

Тој рече дека сака да се бори со шампионот Чарлс Оливеира откако Бразилецот го победи Дастин Пориер на УФЦ  269.

Сепак, Вајт потврди дека Џастин Гејџи е следниот предезвукувач, но не му ги отпиша шансите на Конор за шампионска битка.

„Дастин Пориер можеби ќе се повлече од спортот кога ќе се врати Мек Грегор. Не знам дали Конор ќе може да се бори за титулата директно по неговото враќање“.

Гејџи, пак, предупреди дека ќе биде многу лут доколку Мек Грегор го престигне за титулата во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON