Дана Вајт и понуди работа на девојката која брутално го сопре пљачкашот и стана вирален хит! (ВИДЕО)

Виралното Инстаграм видео доведе до неочекувана понуда за работа од претседателот на УФЦ, Дана Вајт. За што станува збор?

Самер Тапаса-Сатарака се најде во фокусот на американската јавност (и пошироко), откако го запрела арамијата во продавницата „Бест бај“ каде што во тој моммент била вработена. Немилата ситуација се случила кон крајот на минатата година во нејзиниот град Аеа, Хаваи, а хероина, на крајот, наводно, била отпуштена за делото. Се  снимиле надзорните камери, а кога видеото исплива во јавноста, во само неколку дена собра повеќе од 4 милиони прегледи.

Импресионираниот претседател на УФЦ Дана Вајт прво хероината ја повика како специјален гостин на УФЦ 246, а потоа, наводно, и понудил работа.

„Го запре тоа ѓубре да оди со украдена стока од Бест бај на Хаваите“, напиша Вајт и додаде:

„Заради тоа доби отказ од продавницата. Следниот викенд ќе долета за Вегас. Ќе и дадеме билетите на мечот Мек Грегор против Каубојот. И САКАМ ДА РАБОТи за мене! Подготви се за најдобриот викенд во животот Самер.

Девојката на својот Фејсбук профил подетално објасни што се случило и зошто ја изгубила работата. Наводно станува збор за крадец кој постојано крадел од продавницата „Бест бај“.

„Го препознав веднаш штом влезе во продавницата, внимавав преку камерите. Пак сакаше да го украде истиот звучник. Кога ме забележа, се обиде да избега. Еден излез беше блокиран, па се обиде да излезе од излезот кој беше близу мене. И си помислив во себе – е нема денес “, напиша таа во постот и додаде:

„Не го направив тоа за некого! Не за Бест бај! Не за менаџерите или корпорацијата. Не за Клоут. Ова го направив затоа што тој човек мора да разбере дека мора да престане да го прави тоа!”

Само неколку дена подоцна останала без работата во „Бест бај“, а причината е (деталите не се познати) токму нејзиниот вирален потег. Но, сега би можела да почне да работи во УФЦ. Вајт го потврди тоа и во разговор за ТМЗ спорт.

„Луди сте во Бест бај! Требаше да ја задржите, а сега ќе ви ја украдам! Ќе направам ебена рок-ѕвезда од неа, ќе видиме што ќе се случи!“, заклучи тој.

Видеото од неуспешната кражба која ја спречи Самер Тапаса-Сатарак може да го погледне во прордолжение:

https://www.instagram.com/p/B7J4mXklLg7/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON