Минатиот викенд во Илиноис, Хенри Сехудо влезе историјата, стана нов двоен шампион во УФЦ.
Тој е златен олимписки медалист, шампион во мува и петел категориите. „Месинџерот“ не губеше време, па беше прогласен за најголем спортист во историјата на боречките спортови.
Претседателот на организацијата, сепак, не е убеден во овие тврдења и одлучи да ги олади амбициите на Сехудо за 1-вото место на паунд фор паунд ранг листата:
„Слушнав дека Сехудо тврди дека е број еден во паунд фор паунд рангирањето. Добро е за него дека е толку уверен и верува во себе. Мора да бидеме реални, затоа што ги имаме Џон Џонс и Хабиб, кои никогаш не изгубиле. Видете низ што поминаа тие момци и колку пати Џонс ја бранел титулата. Има многу борци пред Сехудо. Зарем Џонс не треба да биде најголем? Најверојатно.
Аманда Нунес? А Хабиб кој нема пораз? Тој е во тешка категорија и знаеме колку е тешко да се изгуби. Тешко е да се каже, бидејќи има премногу добри борци. Можеме да ја дадеме и Шевченко како пример. Погледнете што прави и каде оди. Тешко е да се каже дека сте најдобри во моментот, а уште потешко е да се идентификувате како најдобри во историјата“.