Дана Вајт го објави планот за Стипе Миочиќ

Борбата за привремениот шампионски појас во тешка категорија на УФЦ меѓу Дерик Луис и Сирил Гане нема да влијае на плановите на организацијата за Стипе Миочиќ, кому претходно му беше ветена непосредна шанса за титулата од претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Сега има смисла битката меѓу Дерик Луис и Сирил Гане. Стипе повеќе не е млад и му треба време да се опорави од таквата борба со Нгану, затоа имаме идеално сценарио. Ги имаме Луис, кој го победи Френсис, и Сирил Ган, кој е еден од најперспективните непоразени борци. Тие ќе се борат за привремената титула и победникот ќе се сретне со Френсис, а потоа Стипе ќе се бори против шампионот“, објасни Дана Вајт.

Да потсетиме, во март годинава на УФЦ 260 во Лас Вегас Стипе Миочиќ го загуби шампионскиот појас во тешка категорија, губејќи со нокаут во втората рунда од Франсис Нгану.

Борбата помеѓу Дерик Луис и Сирил Гане ќе го предводи УФЦ 265 во Хјустон на 7 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON