За време на прес-конференцијата за УФЦ 200, од претседателот на организацијата, Дана Вајт, беше побарано да ја искоментира изјавата на Хабиб Нурмагомедов во која тврди дека му е предложен меч со Жорж Сент Пејр. Според зборовите на Хабиб, тој и Пјер треба да се сретнат за време на УФЦ 200 во Лас Вегас, Невада.
Прашањето за евентуален дуел меѓу Хабиб и ЖСП, буквално го шокираше шефот на октагонот:
„Што? Колку што сум запознаен со случувањата во УФЦ – тоа е тотална лага. Да, дефинитивно не сум бил на слична средба, каде што се дискутирало за средба меѓу Хабиб и ЖСП“.