Дана Вајт: Флојд ќе заработи 100 милиони, а Мек Грегор 75 милиони долари

Шефот на УФЦ, Дана Вајт откри какви ќе бидат очекуваните хонорари од евентуалниот мегаспектакл меѓу боксерот Флојд Мејведер и ММА ѕвездата Конор Мек Грегор. Шефот на организацијата додаде дека се уште нема потпишано договор за дуелот.

„Сето тоа зависи од интересот за средбата. Ако се продава така како што очекувам, Флојд ќе заработи малку над 100 милиони долари, а Конор 75 милиони. Мејведер се смета за главната страна и сака повеќе пари. Уште не сме се разбрале со Мек Грегор, што ќе продолжи, бидејќи има договор со мене“, објасни Вајт.

Пред една недела Дана Вајт изјави дека нема намера да прави пречки на својата голема ѕвезда. Со последното обраќање алудираше дека ќе сака процент од приходите.

https://youtu.be/qSJqIp_1RJc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON