Дана Вајт: Џонс е најдобар во спортот! Убива секого во борба без правила

Дана Вајт зборуваше ласкаво за Џон Џонс.

После секој настан фановите и медиумите дебатираат на темата за најголемите борци во историјата на ММА. Изминатиот викенд Ислам Махачев успеа да го победи Дастин Пориер во борба за титулата во лесна категорија. Ислам го заврши во 5. рунда и ја забележа третата одбрана на појасот. Дел од навивачите почнаа да го величаат Дагестанецот кој во моментов е најдобар без разлика на категоријата.

Вајт верува дека Махачев не ја заслужил оваа чест. Шефот на УФЦ е убеден дека се додека Џон Џонс е активен, никој друг нема право да се смета за број 1 во светот.

„Ајде да зборуваме за активност. Три години одмор – никој, дури ни Мухамед Али, никогаш не влегол по три години одмор и изгледал исто. Џон Џонс ја помина како број 1 во тешка категорија, како да не било ништо со три години пауза. Џон Џонс е најдобриот досега. И кога велам во историјата, мислам во секој боречки спорт.

Тој е најдобар. Ако го ставите Џон Џонс во соба со некого, Џон Џонс ја напушта собата. Џон ги победи сите во полутешка категорија, а потоа ги прегази најдобрите во тешка категорија. Џон е најдобар во светот, без разлика на категоријата.

Тој е веројатно најголемиот борец на сите времиња во кој било спорт. Кога зборуваме за најопасниот човек на светот, ставаме двајца борци во иста просторија. Кој ја напушта собата? Џон Џонс излегува од ебаната соба секој пат. Нема сомнеж за тоа“, рече Вајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mmaeditshub

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON