Дана Вајт тврди дека за два дена ќе договори борби за неговиот миленик Хамзат Чимаев.
Во последните неколку недели непоразениот Чеченец продолжи да ги предизвикува борците од средната и полусредна категорија, но без успех. 26-годишниот борец моментално се наоѓа во Абу Даби, каде организацијата има уште два настани и ќе се врати во Лас Вегас.
Постои можност да го видиме Чимаев на УФЦ 254, бидејќи единствениот борец кој сакаше да се бори со него беше Нил Магни. Хоакин Бакли исто така е подготвен да се бори против него, но во средна категорија. Не е јасно што ќе се случи, но за време на разговор во живо се вклучи и Дана Вајт и во коментарите напиша дека во рок од дена дена „Борз“ ќе има закажан меч.