Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт изјави дека Хамзат Чимаев повторно ќе се бори во 2021 година. Шефот ги увери навивачите на чеченскиот борец дека многу наскоро ќе добие шанса за еден од појасите на организацијата.
„Да, повторно ќе се бориме во 2021 година“, рече Вајт.
„Не знам дали е подготвен за титула во моментов, само што влезе во Топ 10. Сега ќе се бори со уште повисоко рангирани конкуренти, а потоа со Топ 5, но блиску е до меч за титулата . Зависи од резултатите, но од оваа можност се на една или две битки“, изјави Дана.
Откако пристигна во УФЦ, Хамзат Чимаев успеа да ја импресионира пошироката јавност со исклучително доминантниот настап.
Не дозволува ни противниците да го удираат. Во четири битки има примено само два удари, што е преседан во синџирот.