Дан Кју ја ожнеа Панонската низина со медали во Темерин кај НовиСад-Србија. Натпреварувачите на Џиу џица клубот Дан кју освоија 6 медали – 1 злато, 3 сребра и 2 бронзи на Меѓународниот турнир „Темерин опен 2016“ и тоа со пет натпреварувачи.
Медалите ги освоија:
- Јаким Колевски – златен и сребрен (6 борци во едната и тројца во другата категорија)
- Зоран Колевски – бронзен (13 борци во неговата категорија, три победи по ред и еден пораз за влез во финале)
- Дарко Стојановски -бронзен (6 борци во неговата категорија)
- Драгана Васиќ -сребрен (една победа и еден пораз)
- Катерина Ацевска – сребрен (прво учество на поголем турнир).