Голема е веројатноста Далибор Богдановод утре да се врати на душекот во Греманија по повредата од пред неколку недели.
Богданов настапува за екипата на ЕСВ Минхен ост во Обер лигата на Германија.
„Досегашните контроли беа успешни и се оди подобро и подобро. Нормално, потребни се уште три недели додека нервот се регенерира 100 отсто, а и на клубот му е потребна мојата помош, бидејќи во последните две борби се повредени уште 4 борачи. Ќе се борам претпазливо и тактички. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред“, ни изјави Богданов.
Ipon.mk/В. Д.