Далибор Богданов ја почна годината со сребрен медал во Германија (ФОТО)

Далибор Богданов (-72 кг) го освои сребрениот медал, a жали за златниот, во сениорска конкуренција на боречкиот турнир „Обербајерише мајстершафт 2018“ во Фрајзинг, во близина на Минхен – Германија. 

Во оваа категорија настапиле шест борачи и се натпреварувале по системот секој со секого. Богданов извојува четири победи и забележа еден пораз, а сплетот на околности го чинеше првото место.

Далибор најпрво го совлада Хрватот Лука Россо со 13-4, па Гркот Лукас Кипреос со туш, го победи и Германецот Фердинанд Целтнер со 8-0. Во четвртата е поразен од Грузиецот Леонидас Цампишвили 18-21, но веднаш потоа салвеше над Турчинот  Нијази Фарзада со 8-0.

„Втор сум бидејќи го победив Хрватот Росо кој, пак, беше подобар од Грузиецот Цампишвили, а јас изгубив токму грузискиот борач. Затоа што се гледаа меѓусебните борби и вкупниот број на поени, за жал, имав еден поен помалку од Лука. Но што е тоа е, одиме напред со тренинзи и настапи“, изјави Далибор Богданов за Ipon.mk.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON