Супермечот: Џошуа – Вајлдер на 13 април 2019-та на Вембли!

По драматичните преговори во последниве неколку недели стана јасно дека Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер ќе се борат. Според „World Boxing News“ веќе е постигнат договор за датумот и место на првиот од двата меча меѓу светските шампиони во тешка категорија.

Тие треба да се сретнат на 13 април 2019 година на стадионот Вембли во Лондон. Ова го откри менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел. Тој додаде дека добил потврда од Еди Херн отио неговиот боксер е подготвен да се сретне со Американецот.

Досега не е потпишан договор. Во меѓувреме, двајцата шампиони мора да направат задолжителни одбрани на титулите. Џошуа ќе се бори со Поткеткин на 22 септември. Вајлдер се очекува да излезе на средба со Доминик Бризил за одбрана на титулата на Светскиот боксерски совет кон крајот на оваа година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON