Дали Канело е помотивиран за Берланга со оглед на непријателството меѓу Мексико и Порторико? (ВИДЕО)

Сол Алварез (61-2-2) го делат денови од враќањето во боксерскиот ринг во Лас Вегас, каде ќе се соочи со Едгар Берланга (22-0) во обид да го одбрани статусот на непоразен шампион во суперсредна категорија. За време на последната прес-конференција беше запрашан дали се чувствува дополнително мотивиран од фактот што конечно има противник од Порторико со оглед на ривалството меѓу двете земји.

Канело не сакаше да внесе политика во овој боксерски меч, изјавувајќи дека на противниците секогаш им приоѓа на ист фокус без разлика на нивното потекло.

Средбата е закажана за раните утрински часови на 15 септември поради временската разлика меѓу Македонија и западниот брег на САД.

https://twitter.com/DAZNBoxing/status/1834087039136133231

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON