Кро Кап објави фотогрфаија на профилите на социјалните мрежи на која треба да алаудира на настап на Федор Емилијаненко на Ризин Гран при кој се одржува кон крајот на идниот месец.
Кро Кап ништо не коментираше освен што ја постави фотографијата, па не знае дали станува збор за фотомонтажа на некого од негова страна или е фотогрфаија на„Ризин“ која му ја доставиле на ненго.
Веројатно во текот на викендот ќе се дознаат повеќе информации, доколку има некоја вистина во фотографијата. Првото коло на турнирот е на 25 септември, а сомнително дека во случај на доѓање на Федор дека промоцијата веднаш би направила меч меѓу нив.
Филиповиќ и Федор своевремено беа главните борци на „Прајд“ и во 2005 година ги вкрстија ракавиците. Победи Федор, на поени, но беше доминантен во текот на мечот. Оттогаш се заговара нивна втора борба.