Тито Ортиз синоќа го победи Каел Сонен на Белатор 170 во последниот меч во неговата кариера. Се пензионира како шампион против уште еден ветеран над кого доминираше во текот на мечот, кој траеше само две минути. Ортиз го порази Сонен, но една снимка предизвика сомневање дека сето тоа е наместено.
Ортиз беше подобар, но Сонен во еден момент имаше можност да го заврши со гилотина од која Ортиз едвај се извлече, но откако, како што покажува видеото, го тапкаше Сонен по раката. Фановите се сомневаат дека Сонен самиот се саботирал за да си замине како победник Ортиз. Некои тврдат дека прерано тапкал, иако судијата морал да реагира за да го тргне „Американскиот гангстер” од прегратката на Тито.
Погледнете го контроверзниот момент и оценете сами.
https://twitter.com/FancyCombat/status/823033157222105088
https://twitter.com/TheBetter_1_VIP/status/823130274838052864
https://twitter.com/BrianTackett1/status/823038027509415937
https://twitter.com/ForestRedDogs/status/823084068959092736