По титулата полусредна категорија на Даглас Лима оди на пголемо достигнувања.
Претседателот на Белатор, Скот Кокер, најави дека Лима (32-7) ќе се сретне со Гегард Мусаси (46-7-2) за титулата во средна категорија во поднасловната борба на Белатор 243 на 9 мај.
Титулата ја ослободи Рафаел Ловато од медицински причини.
Дуелот за шампион во средна категорија е прв за Лима, по неговата победа над Рори Мекдоналд со одлука на судиите во финалето на Белатор во полусредна категорија. Со таа победа го врати шампионскиот појас. 32-годишниот Лима победи на шест од последните седум меча.
Мусаси претходно спомена дека сака да се бори против Лима. 34-годишниот борец доаѓа по победата си судиска одлука над Лиот Мачида на УФЦ 248. Во својата 17-годишна ММА кариера, Мусаси ги држел титулите на Белатор, Страјкфорс и Дрим (Dream). Пред да потпише со Белатор, го напушти УФЦ пpо серија од пет последователни победи.
Белатор 243 ќе ја вклучи како главен настан средбата меѓу шампионот во тешка категорија Рајан Бадер и Вадим Немков.