Тренерите на Кик бокс клубот Гладијатор од Штип под мотото „Да го разбудиме Истокот“ денеска го одржаа првиот тренинг во Македонска Каменица.
„Младината од Македонска Каменица побара од нас да започнеме со тренинзи. Ние како клуб на чело со претседателот Ристе Огнанов и тренерите Кирил Нацев и јас, Шенол Асанов, со задовослтво ја прифативме понудата. Секако, тоа е наша мисија. Ние тежнееме кон ширење на кикбоксот и барање на нови таленти, а со тоа и да ги отргнеме младите од сите пороци и да ги станеме од виртуалните игри и компјутерите“, вели Шенол Асанов од КБК Гладијатор.
Тој нагласува дека кикбоксот е во тренд и оти е познато дека сите познати личности вежбаат кикбокс.
„Не случајно кикбоксот е еден од подобрите спортови во кој се обликува телото, а воедно се изучува добра боречка вештина. Исто така имаме одлична соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС) која доделува стипендии за млади надежи.Па се надеваме дека ќе успееме да го разбудеме истокот и извадиме добри таленти“, истакнува Асанов.
Ipon.mk/В.Д.