Легенадата на југословенскиот бокс Миодраг Перуновиќ доби отказ на селекторското место на боксерската репрезентација на Србија на непристоен начин. Боксерскиот сојуз на Србија (БСС) неговата смена ја објавил на Фејсбук, а 62-годишниот Перуновиќ останал шокиран.
„Неочекувано и некоректно“, рече 62-годишниот Перуновиќ.
Поранешниот европски шампиони и светски вицешампион потпиша неодамна четиригодишен договор, а претседателот на БСС, Ненад Боровчанин го претстави на неверојатен начин.
„Целта на БСС и сите љубители на спортот во нашата земја е да имаме врвна репрезентација, која ќе доминира на светската бокс сцена. Перуновиќ ќе има огромна поддршка од БСС на патот на создавање на нови боксерски шампиони“, изјави тогаш Боровчанин.
Следуваше и реакција од Перуновиќ, кој откри што му кажал Боровчанин.
„Боровчанин пред заминување на одмор ми кажа дека треба да разговараме и да видиме што ќе правиме во иднина. Да не нагласувам дека ме контактираше на крајот на минатата година и ми го понуди селекторското место, а притоа кажа дека сака да соработуваме на долг период и дека на почетокот не се очекуваат важни резултати“, истакна Перуновиќ.
Перуновиќ кажа и дека пред отказот имал непријатна СМС-порака со претседателот на БСС; која не сакаше да ја објави, зашто смета дека треба прво да разговара со него.