Чудна работа, Мајк Тајсон во солзи: Се плаши од себеси!

Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон според многумина важи за еден од најдобрите боксери на сите времиња, но исто така и за исклучително контроверзен човек надвор од рингот.

Во подкаст кај друга боксерска легенда, Шугар Реј Леонард, се распадна, па почна да плаче како мало дете.

„Ја знам уметноста наречена борба, ја знам уметноста наречена војна. Тоа е сè што некогаш сум го проучувал. Затоа ме плашеа додека бев во рингот. Јас бев уништувач. Роден сум за тоа. Сега немам ништо. Затоа плачам. Плачам затоа што не сум повеќе таа личност. Ми недостасува тој Тајсон. Затоа што понекогаш се чувствувам како пи*ка, таа личност не сака да излезе надвор. Ако ја пуштам надвор пекол ќе дојде и кај неа. Се плашам од овој човек“, изјави Тајсон со солзи во очите.

Во 1986 година, тој стана најмладиот шампион во тешка категорија во светот со само 20 години, а шест години подоцна беше осуден на шест години затвор заради силување, но излезе по само три години.

https://twitter.com/usy1_/status/1234201855674155014?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1234201855674155014&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fshto-se-slushuva-so-majk-tajson-pochna-da-se-plashi-od-samiot-sebe-video
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON