Фјодор Чудинов од Русија ја одбрани титулата на Светската боксерска асоцијација во супер средна категорија. Тој, убедливо го победи на поени предизвикувачот Франг Буглиони (Англија) на галавечерта во Лондон.
Чудинов доминираше во поголемиот дел од средбата. Тој пласира многу тешки удари во главата на Британецот. Судиите беа едногласни при бодирање на средбата (120-106, 118-108, 117-109).