Човек на Флојд: Нема шанси за Пакијао-Мејведер 2!

flojd-mani 250

Извршниот директор на компанијата „Мејведер промоушнс“, Леонард Елерби, категорично одрече секакви варијанти за реванш меѓу Флојд Мејведер (САД) и Мани Пакијао (Филипини).

Првиот меч во мај заврши со победа за Американецот. Дуелот ги собори сите рекорди по приходи од спортски настан.

„Нема никакво сценарио, по кое би се одржала оваа средба. Флојд по средбата на 12 септември ќе се откаже од боксот“, рече во интервју Елерби.

„За разлика од другите боксери, тој нема потреба од пари, кои би го поттикнале за враќање. Време е, едноставно, да го види зајдисонцето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON