Живата боксерска легенда Мајк Тајсон е во епицентарот на непријатна несреќа. „Ајрон“ посети бар во Холивуд, каде сакаше да гледа хумористично шоу.
На интернет се појави видео на кое маж го прекинува шоуто и почнува да го предизвикува Мајк.
Еден човек од придружбата на боксерската икона скока да застане во негова одбрана, а потоа непознатиот вади пиштол.
По покажувањето на оружјето настанала паника.
Домаќинот на настанот се обидел да го исфрли самобендисаниот човек.
За среќа, пиштолот брзо е прибран, а потоа Мајк Тајсон го прегрнал странецот, кој го полудел целиот ресторан.
Според информациите, случајот не бил пријавен во полиција.
Тајсон цело време успеал да ја задржи присебноста и делувал смирено за време на непријатниот инцидент.