Роман Гонзалес (46-0, 38 КО) многумина го сметаа за најдобр боксер во светот во овој момент.
29-годишниот Никарагванец уште еднаш се покажа достоен за таа титула со победата во Инглвуд, Калифорнија, за светската титула во четврта тежинска категорија.
Гонзалес во одлична борба со едногласна одлука на судиите (117-111, 116-112, 115-113) го победи бранителот на ВБЦ шампионската титула во супермува категорија Мексиканецот Карлос Квадрас (01/01/35, 27 КО) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.
29-годишниот „Чоколито“ се крена од мува категорија (50,8 кг) во супермува (52,2 кг) и стигна до 46-та победа во кариерата.
Со овој успех го надмина неговиот ментор, покојниот Алексис Аргуелјо, трикратниот светски шампион од Никарагва. Магазинот Ринг го смести Аргуелјо на 20 место на скалата од 100-те најголеми удирачи на сите времиња.
„Чест ми е што оваа четврта светска титула можам да му ја посветам на Алексис Аруелјо. Алексис ми беше ментор. Ми помогнаше со тренинзите. Беше татковска фигура“, изјави Гонзалес по победата.
Според податоците на Компубокс, Гонзалес погодил со 322 од 983 упатени удари, а Квадрас фрли 889, а погоди 257 пати.