Чисора: Усик ќе го заврши Фјури многу брзо

Британскиот боксер Дерек Чисора ги отпиша шансите за победа во реваншот на сонародникот Тајсон Фјури со Александар Усик. Според Чисора, Украинецот е апсолутен фаворит за втора последователна победа во ривалството и тоа ќе го направи многу брзо.

Усик стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија во мај оваа година по победата со едногласна одлука над Фјури во Ријад. На 21 декември, двајцата повторно ќе се борат во главниот град на Саудиска Арабија, но Чисора не гледа многу поинаков исход.

„Дали верувам дека Тајсон може да го победи Александар? Го гледам како тренира и да бидам искрен, не мислам дека неговите спаринг партнери го туркаат до максимум. Тие седат и му се восхитуваат. Кога спарираат, не го удираат. Од она што го видов, Усик има сосема поинаков пристап. Мислам дека Александар брзо ќе започне и брзо ќе го заврши мечот“, изјави Чисора.

Усик до денес има 21 меч во професионалниот бокс и 21 победа, од кои 14 се со нокаут. Скорот на Фјури е 34 победи, едно реми и еден пораз во 36 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО