Најскандалозниот британски боксер Дерек Чисора ја предизвика украинската ѕвезда Александар Усик. 35-годишниот ветеран сака да му ги покаже на олимпискиот шампион во полутешка категорија вистинските карактеристики на борбата во тешка категорија. Пред 10 дена Усик ја започна својата нова авантура, го совлада Чаз Витерспун.
„Заборавете на жонглирањето и танцувањето“, рече Чисора. „Никој не сака да гледа танчерки во рингот. Не танцува со ѕвездите. Тоа е натпревар во бокс“.
Овој викенд Чисора ќе се бори против Дејвид Прајс. Ако е победи, може да го добие она што го сака. И двајцата имаат еден промотор – Еди Херн.