Белатор минатиот викенд беше домаќин на уште еден ММА и кик бокс настан во Италија
Чингиз Алазов во Миално го совлада во едногласна одлука на судиите Судсакорн Сор Клинмее.
Ова е негова втора победа против Тајландецот. Прв пат го победи во јануари 2018 година во Торино.
Габриел Варга ја одбрани титулата во перолесна категорија совладувајќи го со едногласната одлука на судиите домашниот борбец Кристијан Фаустино.
Белорусинот Јуриј Бесмертни исто така на поени беше подобар од Џузепе Де Доменик.
Жаде Жоранд ја нокаутира Силвија Ла Ноте со лев хај кик во втората рунда.