Чингиз Алазов го освои К-1 Гранд при (ВИДЕО)

Во Саитама супер арена се одржа настанот за Големата награда на К-1 во супервелтер (70 килограми).

Турнирот на осумината го освои Чингиз Алазов.

24-годишниот Белорусин во четвртфиналето во втората рунда го нокаутира домашниот борец Хироки Накаџима. Прво го соборуваше со коленото, па го заврши со аперкат. Во полуфиналето во првата рунда го елиминира Холанѓанецот Џордан Пикојр, за во финалето со едногласна одлука беше подобар од ветеранот Јасухиро Кидо.

Масааки Ноири успеа со тесна поделена одлука во реваншот да го победи Киу Фаертекс и да стане новиот шампион во категоријата до 65 килограми.

Одлуката Веи Руи со судиска одлука против Гонапар Верасаркрек ја одбрани титулата во лесна категорија.

К-1 Гранд при во категоријата до 70 килограми:

финале
Чингиз Алазов – Јасухиро Кидо (со едногласна одлука на судиите)

полуфинале:
Чингиз Алазов – Џордан Пикојр (КО, Р1)
Јасухиро Кидо – Сани Далбек (ТКО, Р1)

четвртфинале:
Јасухиро Кидо – Порт Велен (ТКО, Р3)
Сани Далбек – Ју Хиронио (ТКО, Р2)
Чингиз Алазов – Хироки Накаџима (ТКО, Р2)
Џордан Пикојр – Хината Ватанабе (со одлука на судиите)

Борба за титулата во суперлесна категорија:
Масааки Ноири – Киу Фаертекс (поделена одлука на судиите по екстра рунда)

Борбата за титулата во лесна:
Веи Руи – Гонапар Верасакрек (со одлука на судиите)

Суперборби:
Таига – Коџи (со одлука на судиите)
Такеру – Буваисар Пасхаев (КО, Р3)

https://youtu.be/187xByRQArc

https://youtu.be/kMHyoc5fxjs

https://youtu.be/kR5Xj1SbF-o

https://youtu.be/ICq7dESvloY

https://youtu.be/7lCXhky83O4

https://youtu.be/dTs3eMvE2tY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON