Чинг Куо Ву си даде оставка на функцијата претседател на АИБА

Чинг Куо Ву си поднесе оставка на функцијата претседател на Светската боксерска федерација за аматери (АИБА), како и од Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Од АИБА соопштија дека Ву „одлучил да се повлече“, а како последица на тоа двете страни се договориле меѓусебно да ги прекинат судските спорови и дисциплинските мерки.

„Стигнавме до согласност дека во оваа фаза нема индикации за неетички активности од ниту една од двете страни“, се вели во официјалното соопштение на бокс централата. Од МОК потврдија дека Ву поднел оставка по 5 години во 15-члениот Извршниот комитет на организацијата во која одговараше за летните олимписки спортови. Тој го задржува своето членство во МОК, кое го чува веќе 29 години.

Тајванецот минатиот месец е отстранет од функцијата претседател на АИБА по 11 години, по колективната жалба на поголемиот дел од членовите на Бордот на организацијата, кои го обвинија Ву за авторитарно управување и двосмисленост околу трошењето на средствата на финансиски западната асоцијација.

Италијанецот Франко Фалчинели ќе стане привремен претседател на АИБА до Конгресот на 27 јануари во Дубаи. Тој ќе му предложи на извршниот директор на седиштето на Ву да му биде доделена титулата почесен претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON