Во последните недели љубителите на ММА со нетрпение очекуваа вести околу борбата меѓу Хамзат Чимаев и Дрикус ду Плесис.
Се шпекулираше дека двајцата ќе бидат главни ѕвезди на настанот УФЦ 317 кој ќе се одржи кон крајот на јуни во Лас Вегас. За жал, се појави информација дека ду Плесис е повреден и дека борбата нема да се одржи на тој датум. Чимаев не беше среќен, а подоцна ду Плесис откри дека нема повреда и дека борбата ќе се одржи, но не во јуни.
Пред нешто повеќе од една недела, Дана Вајт изјави дека борбата е договорена и дека наскоро ќе биде официјално објавена. До денес, борбата сè уште не е објавена, но приврзаниците знаат дека доаѓа. Чимаев веќе е во камп, а веројатно и ду Плесис. Дрикус верува дека ќе може да ја задржи титулата против непоразената чеченска ѕвезда.
Неодамна, тренерот на ду Плесис, Морне Висер, изјави дека се подготвуваат за војна против Чеченецот. Сепак, Чимаев се подготвува за нешто друго:
„Нека се подготвуваат за војна. Јас се подготвувам за убиство!“, рече Чимаев преку Адам Зубајрев.
View this post on Instagram