Чимаев рече дека му е сè едно кој ќе биде неговиот следен противник

Хамзат Чимаев ја имаше својата последна борба во УФЦ минатиот септември кога го победи Кевин Холанд со завршница. И тогаш како да исчезна некаде.

Неодамна претседателот на УФЦ, Дајна Вајт изјави дека Чимаев има лични обврски, па во моментов не може да се бори, но шведско-чеченскиот борец истакнува дека не знае што е проблемот.

„Па, да ми дадат меч, ќе се борев. Тренирам многу, но не се борам. Проблемот не сум јас. Се подготвував во Дубаи и Тајланд, но се уште не сум добил борба“, напиша Хамзат Чимаев во објавата на социјалните мрежи.

Поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман покажа интерес за меч против Чимаев, а Дана Вајт сака таа борба, доколку биде договорена, да се одржи во средна категорија.

„Јас сум тој што одлучува во која категорија ќе се борам, дали е до 77 или до 84 килограми“, изјави Борз.

И раководството на УФЦ е загрижено за тежината на Хамзат, бидејќи пред последниот настап во септември тежеше три ипол килограми повеќе од дозволената тежина за полусредна категорија.

Така отпадна од мечот против Нејт Дијаз, па победи во меч против Кевин Холанд.

Борз неодамна изјави дека не му е важно кој ќе биде неговиот следен противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON