Хамзат Чимаев (9-0) се подготвува наскоро да се врати во акција. Тој веќе не ги чувствува ефектите на коронавирусот и се посвети максимално на тренинзите. Чеченскиот ММА борец, кој живее и тренира во Шведска, неодамна изјави дека е „повторно здрав и гладен“. Чимаев имаше три борби во УФЦ, а ја гради својата кариера во полулесна и средна категорија. Но, тој има желба да настапи и полутешка категорија.
– Ме чекаат две тежински категории, а можам да се борам и во полутешка категорија. Во комбинација со борци кои се меѓу првите десет во полутешка категорија, а тие знаат што се случува таму. Можам да ги победам Блахович и Адесања“, рече Хамзат Чимаев и додаде:
„Јан го победи Израел со борење, а тој воопшто не е борач. Знам дека не сум се борел долго време и немам многу натпревари, но знам дека можам да го направам тоа. Само треба да го покажам тоа. Се враќам! Можам да се борам со секого, дај ми некој. Јас сум здрав и ќе се борам со сите. Не ми е гајле, можеби и со Брок Леснар“.
Чимаев требаше да се бори со Леон Едвардс, но тој меч беше откажан три пати. Нивната прва борба во полусредна категорија што требаше да се одржи во декември минатата година беше одложена откако Чимаев се здоби со коронавирус. Потоа беше откажан и селдниот во јануари и февруари, бидејќи Хамзат не се опорави од последиците на Ковид19.
Последната борба чеченскиот борец ја имаше на 19 септември 2020 година кога го нокаутира Џералд Мершарт.
„Имав многу улични борби, понекогаш околу десет на ден. Кога не сум повреден, можам да се борам три до четири пати во еден ден. Се спарувам со многу потешки борци од себе и ако можам да се справам со нив, тогаш ќе ги издржам ривалите во мојата категорија“, заклучи Хамзат Чимаев.