Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев гори од желба да се бори со Нејт Дијаз. Минатиот викенд Борз го прегази Ли Џинглијан нокаутирајќи во првата рунда. Новата голема ѕвезда на УФЦ дури и не се испоти. Чимаев влезе во серија од 4 последователни победи во УФЦ и во секоја освои бонус.
Тој веќе има скор од 10-0 во кафезот и ги завршува сите негови средби. Дефинитивно има многу врева околу него, а Чимаев го оправдува и не престанува да провоцира. Тој се фокусираше на Дијаз, а Дана Вајт изјави дека се 100% подготвени да ја организираат средбата.
Нејт тешко дека ќе прифати борба со Чимаев, бидејќи има уште еден меч во УФЦ, а пораз од Чимаев нема да биде добро за него. На социјалните мрежи Чимаев го повика Дијаз да ја прифати битката и додаде анимација на ковчег за предизвикот.