Хамзат Чимаев воопшто не плука. Новата голема ѕвезда на УФЦ го предизвика еден од милениците на навивачите – Нејт Дијаз. Тој побара да влезе во борба со Американецот и го повика првиот човек на организацијата Дана Вајт што поскоро да го обезбеди овој меч.
„Дијаз, ајде да го направиме тоа, брат. Ајде. Ќе бидеш скршен во октагонот. Да видиме кој е вистинскиот гангстер“, објави Чимаев.
Предизвикот доаѓа ден по уште еден импресивен настап на Хамзат. Тој го одби Ли Џинлијан во средината на првата рунда од нивната борба во полусредна категорија.
Чимаев го коментираше и неговиот настап на предметната средба.
„Јас сум кралот“, му реков. Го гледав, демнев и затоа чекав толку долго. Можев да го завршам порано. Ме погледна и тогаш му кажав дека јас сум кралот, потоа го грабнав и се заврши“, изјави Швеѓанецот со чеченско потекло.
Чимаев е дециден дека не му е важно во која категорија ќе се бори, се додека е во октагонот.
„Сакам само да се борам. Тука сум да заработам пари и да тепам луѓе. Ова ме прави среќен. Ако сакаш прати ме против Брок Леснер, се едно ми е. Сепак, тренерите не ме пуштаат, а јас ги почитувам, така што засега останувам во оваа категорија“, изјави борецот.
Пред да договорат меч со Нејт Дијаз или некој друг, Чимаев ќе има уште една борба, но на душекот за борење. На 19 ноември ќе се соочи со Џек Хермансон. Мечот треба да биде во три кола од по 3 минути.