Четворица македонски карате репрезентативци десет дена се подготвуваа во карате кампот во Аранѓеловац, Србија.
На подготовки беа Емил Павлов, Бојана Манева, Јована Георгиева и Вероника Костовска кои се подготвуваа со репрезентивците на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Со нив беше и олимписката победничка Јована Прековиќ од Србија, која е од Аранѓеловац , а еден од нејзините тренери по потекло е од Радовиш.
Да потсетиме дека по компот од 17 до 27 ноември 2021 година во истиот град Емил Павлов Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, стана светски вицешампион. Тоа е најголем успех македонското карате.
„Имав пет борби во кампот во Аранѓеловац и сите ги решив во моја корист. Во форма сум. Мислам дека и на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, 25- 27 март, нема да разочарам. Очекувам медал“, изјави Емил Павлов, кој е двократен европски шампион и двапати освојуваше бронза.