Четворица борачи на Спартак денес заминаа на еднонеделни подготовки во кај БК Левски од Бугарија.
На подготовки отпатуваа: Даријан Павлев, Филип Ангелов, Јован Илијев и Павел Темелков, а ги предводи Гоце Ангелов.
„Целта е што подобро да се подготват за престојните државни првенства за У-15 и У-17 кој ги очекуваат овие борачи. Тие и останатите борачи интезивно работат со план“, истакнуваат од Спартак посочувајќи дека подготовкитете се започнати во клубот и во Малена фитнесс.
По подготовките во Бугарија, борачите ќе продолжат со тренинзите дома, но и на други места.