Четворица борачи денес ги почнуваат борбите на Европското првенство во борење

Нашите репрезентативци ги добија противниците на Европско сениорско првенство во борење кое почнува денес во Будимпешта-Унгарија, и ќе трае до 3 април.

Европското првенство 2022:

57 кг Владимир Егоров – Гери Гиордмаина (Малта)/ Никлас Штехеле (Германија) ¼ финале

61 кг Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) квалификации

70 кг Фати Вејсели – Џанлука Таламо (Италија) 1/8 финале

79 кг Дејан Митров – Саифедин Алекма (Франција) квалификации

97 кг Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија)/ Батирбек Цакулов (Словачка)

Денеска ќе настапат Егоров, Вејсели, Митров и Нуров. Борбите почнуваат во 11:30 часот, додека утре на душекот ќе се појави Бесир Алили.

Наш најголем фаворит за медал е Нуров, но може да очекуваме добри резултати и од другите борачи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON