Светот на слободните борби добива едно големо засилување во тешка категорија. Четирикратниот светски шампион во БЏЏ, Родолфо Виеира, оваа година ќе го направи своето деби во ММА.
Виеира планира првата борба да ја направи во октомври под закрила на јапонската Риал фајт чемпионшип организација, но без конкретен противници. Член на тимот Ногуерија неодамна помина некое време во САД каде што тренираше во познатиот американски Топ тим.
„Ова беше голема искуство. До сега немав прилика да тренирам ММА и засега и не сакам. Овде тренирав само бокс и добив ќотек. Тогаш тренирав џиу-џица, што е мојата област, и повторно јадев ќотек. Возбуден поради овој трансфер и се надевам дека ќе биде добро“, изјави Виеира за Portal do vale tudo.
Виеира (26 g.) денес е еден од најдоминантните тешкаши во БЏЏ светот. Тој е познат по исклучително добрата способност да го пробие гардот, одлична кондиција и голема сила. Покрај бројните признанија, четири пати беше светски шампион и шест пати го освои Светскиот куп.