Штипските Гладијатор-и на „Златниот кик боксер 2017“ во Пљевлја, Црна Гора, освоија пет златни медали во кадетска и јуниорска конкуренција во дисциплините лоу кик и кик лајт.
Најуспешен е Бобан Јосифов , кој освои два златни медали во исто толку дисциплини, со по еден златен медал се закитија Благојче Стојанов, Славче Арсов и Никола Нацев.
На турнирот настапија околу 200 борци од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
Ipon.mk