Македонската џиу џицу репрезентација имаше одличен настап првиот ден на Меѓународниот трунир „Словенија опен“ во Марибор, каде што со четири натпреварувачи освои четири медали.
Медалите ги освоија: Јован Николиски и Данил Николиски златни, Марија Треневска и Зоран Колевски бронзени.
Во „Јадранската лига“ во борбите против одличната екипа од Црна Гора соодносот е 2-4.
Утре се борат Данил Николиски во сениорска конкуренција и Антонио Стојчески во У-18.