Македонските каратисти на „Белградски победник“ освоија четири медали, два во екипна конкуренција борби – сребрен медал за мажите и бронза за жените, а Жарко Арсовски (+84 кг) освои бронза во борби и Ферри Исиќ сребро во кати.
Машката екипа настапи во состав: Жарко Арсовски, Азиз Исмаил, Давид Петков, Диме Илиевски, Ненад Келибиќ и Доан Османи кој во финалето се сретна со Србија, а за женската се бореа Ангела Мојсовска, Јована Георгиева и Моника Стефановска.
Азиз Исмаил имаше две победи и нерешена борба во екипниот дел и беше сигурен борец во нашата репрезентација, а во поединечна конкуренција не настапи бидејќи се чува за Светското првенство во Мадрид, Шпанија, идниот месец.
Арсовски имаше пет борби, а загуби само една, додека во борбата за бронзата слевеше со 1-0 над претсатвникот на Русија.
На турнирот учествува каратисти од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Австрија и Русија.