На Меѓународниот меморијален турнир во борење „Листон 2022“ во Велес борачите на Шкупи освоија четири медали – 2 златни и 2 сребрени.
Златни медали освоија Заим Заими (30 кг) и Абдулазиз Азизи (37 кг), додека Ерен Муртез (30 кг) и Мираџ Мустафа (41 кг) се закитија со сребрени медали.