Четири каратисти на Макпетрол ќе ја претставуваат Македонија на Премире лигата во Фуџаирах

Денеска од скопскиот аеродром четири) каратисти/ ки од КК Макпетрол заминаа за Фуџаирах, Обединето Арапски Емирати. Тие од 18 до 20 февруари ќе настапат на најсилното натпреварување во карате спортот а тоа е Карате 1 Премиер лигата.

За Фуџаирах заминаа: Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Симона Заборска -55 кг и Ангела Мојсовска -68 кг. Тие ќе ги браната боите на Македонија во конкуренција на најдобрите рангирани 342 каратисти од 55 држави

Симона Заборска е најискусна во тимот на Макпетрол, таа во досегашната спортска кариера има остварено многу високи пласмани од учествата во светските премиер лиги. Сега изјави дека ова е почеток на сезоната за оваа година и ќе се обиде да направи добри борби, првенствено за да го поправи бодовното салдо на светската рејтинг листа, и да се наметне како квалитетна спортистка за да може да учествува на најелитните натпревари во текот на целата година.

Ова ќе биде прв турнир во 2022 година од најелитното карате натпреварување во лига системот на натпреварување во организација на ВКФ (Светската карате федерација). Главен услов за да учествувате на ова натпреварување е да бидете во ТОП 50 каратисти на Светската ранг листа, затоа ние имаме и привилегија да настапиме на овој силен турнир.

На првенството ќе има огромна конкуренција, односно ќе учествуваат најдобрите светски сениори-ки во секоја тежинска категорија. Тоа што е карактеристично за ова натпреварување е што од оваа година воведени се и нови правила за пријавување и настап на оваа лига. Тоа се ограничен број на спортисти кои настапуваат и од досегашните 64, сега се намалени на 32 каратисти во секоја категорија. Сите тие ќе бидат поделени во 8 (осум) групи по четворица спортисти, и во елиминацискиот дел секој ќе има по три задолжителни борби, а потоа следи четвртфиналето, полуфиналето и финалните борби“, изјави пред заминувањето тренерот и натпреварувач на Макпетрол Петар Заборски.

Петар Заборски исто така изјави дека тој мисли дека овој начин на елиминација е многу подобар од претходниот, каде што немаше поправен испит, бидејќи беше нокаут систем, односно секој пораз значеше и прекинување со понатамошните борби.

Петар Спасеновски ќе настапи во полутешка категорија или -84 кг, тој вели дека е одлично подготвен и дека сака во најмала рака да го постигне или го повтори успехот кога во 2020 година на тогашната светска Премиер лига, која се одржа во Дубаи, се бореше за бронзениот медал. Од ОАЕ има одлични спомени.

Ангела Мојсовскае нашата најдобро рангирана каратистка на Светската рејтинг листа изјави дека ќе настапи во полутешка категорија -68 кг кај девојките и ќе направи се за да се претстави во најдобро светло на почетокот на натпреварувачката сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON