Македонските борачи освоија четири медали на Балканското првенство во борење за пионери во Бурса-Турција, 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.
Златен медал освои Бесир Алили 32 кг, Аид Салихаси 42 кг и Авдил Јашари 38 кг сребрени, Зулкифли Асани бронзен.
Ова е голем успех на најмладите македонски борачи. Посебно признание заслужува Назми Али од Тефејуз кој во соработка со Турската федерација ги обезбеди авионските билети за нашите репрезентативци.
Ipon.mk/В.Д.